Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

За нас

Нашата визија е да бидеме водечка очна болница во регионот, која користејки ги предностите на модерната медицина, професионалноста и стручноста на медицинскиот кадар и грижата да ја зачуваме функцијата на видот на пациентите, ви гарантира високопрофесионален пристап кон грижата за вашите очи.

Од сите права, најголемо е човековото право на вид

Посветени сме на континуирано подобрување на нашите здравствени услуги преку инвестирање во нови технологии, унапредување и специјализирање на знаењето на младиот и перспективен кадар и да понудиме врвни здравствени услуги.Се она што го работиме е инспирирано од потребите , очекувањата и барањата на нашите пациенти.

Во модерно опремените простории на Систина Офталмологија ќе бидете љубезно пречекани од водечките доктори-специјалисти за болести на очите, кои ќе ви помогнат во решавањето на вашиот проблем. Нашиот медицински персонал работи со најсофистицирана опрема од врвни светски производители , лидери во очната хирургија, кои со своите производи покриваат повеќе од 50% од пазарот, чија апаратура е со високи перформанси, перфекција и прецизност, супериорни во секој поглед.

Нашата цел е да понудиме премиум медицински услуги. Секој сегмент од нашите услуга е доказ за светските стандарди во нашето работење и тежнеење кон перфекција.

Ви благодариме за вашата доверба

Зошто Систина Офталмологија?

  • Искусен и професионален хируршки тим
  • Висока лекарска етика и доверба - вашиот доктор хирург секогаш е тука и достапен за вашите прашања и проблеми
  • Материјали и импланти со врвен квалитет и доживотна гаранција
  • Брзи и сигурни интервенции и уште побрзо заздравување
  • Оптика со широк избор на терапевтски и козметички помагала
  • Професионална соработка со очните центри во Љубљана, Софија, Истанбул и во Белград
  • Соработка со ФЗОМ за граѓаните на РМ