Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Allegretto Wavelight Eye-Q

Овој ласер користи невидливи УВ зраци со големина од 0,25 микрони за отстранување на особено мали делови од ткивото на рожницата за да се елиминира кратковидост, далекувидост или астигматизам.

За ЛАСЕРОТ

Денешниот excimer ласер се карактеризира со особена брзина и прецизност. Работи по принципот на ремоделирање на рожницата со помош на ладни ласерски зраци кои ја кинат молекуларната врска помеѓу станиците, ремоделирајќи го предниот проѕирен дел на окото (рожницата).

Компанијата Wavelight е пионер во воведување на ласерската технологија во рефрактивната хирургија и го произведе денес е еден од најбрзите ласери на светот Allegretto Wavelight. Allegretto Wavelight користи невидливи ултравиолетови (УВ) зраци со големина од 0,25 микрони за отстранување на особено мали делови на ткивото на рожницата за да се елиминира кратковидоста, далекувидоста или астигматизмот. Ласерот симнува една диоптрија за околу 2 секунди (на пр. 4 диоптрии ќе симне за 8 секунди отстранувајќи 50 μm од ткивото што е дебелина на влакно од коса). Револуционерната технологија напреднала неколку чекори понатаму инкорпорирајќи и ласерски софтвер и eyetracker кој ги следи движењата на вашето око со брзина од 400 движења во секунда со што отстранувањето на диоптријата станува особено прецизно и целосно независно од степенот на кој пациентот соработува со хирургот.

Со помош на Wavefront технологијата (за чиј изум и употреба исто така е заслужна и компанијата Wavelight со развој напрецизни дијагностички апарати) секој третман станува целосно индивидуализиран. Wavefront технологијата го зема во предвид и релјефот на рожницата, како и сите неправилности во окото кои може да влијаат на квалитетот на видот. Ласерот освен диоптријата ги коригира и сите постоечки неправилности со што овозможува особено квалитетен и често натпросечен остар вид. Со воведување на оваа напредна технологија особено се подобрува квалитетот на ноќниот вид и исчезнуваат постоперативните феномени во смисла на хало-а, односно распрскување на светлото во ноќни услови.