Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Стратешко партнерство со Универзитетската клиника „Свјетлост“ од Загреб

Почитувани,
Универзитетската Клиника *Свјетлост* од Загреб и Специјалната очна болница “Систина Офталмологија” потпишаа Договор за стратешко партнерство, за територија на Република Македонија, и пошироко за регионот. Потпишувањето на овој договор е логичен след на досегашната соработка меѓу двете болници, и позитивниот развоен тренд, и очекувањата и потребите на пациентите на пазарот на офталмолошки услуги во земјата и регионот.

Договорот предвидува соработка и размена на знаења помеѓу стручните тимови на двете болници, како и размена на искуства во управување со новите технологии во офталмолошката пракса. Договорот особено предвидува едукација, дообука, специјализација и стручната пракса на младите кадри во Клиниката Свјетлост која е и првата приватна универзитетска клиника вo Хрватска.

Систина Офталмологија со ова стратешко партнерство обезбеди континуитет во следењето и примената на најновите техничко-технолошки достигнувања и пракси vo офталмологијата.

Соработката помеѓу двете болници значи проширување и надградба на опсегот на постоечките услуги, како резултат на барањата и очекувањата на растечкиот број на пациенти. Развојниот концепт на овој договор, предвидува натамошни проекти од заеднички интерес, вклучувајќи и капитално здружување.