Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Витректомија

Витректомија е најсложената микрохируршка процедура за пристап во длабочината на окото, односно за лечење на болести на задниот сегмент на окото.

VitrektomijaТаквата процедура се изведува исклучиво во врвни очни центри, бидејќи бара координиран тим и посебно едуцирани очни хирурзи, како и врвна опрема и дополнителен материјал. Имено, окото е исполнето со желатинска материја наречена стакловина или витреус и сите манипулации може да се направат, само доколку стакловината се отстрани со посебни ротирачки или резачки ножици наречени витректом, кои ги аспирираат отсечените делчиња на стакловина.

vitrektomija vitreus

На сликата лево се гледа како се воведени 2 миктро инструменти со дебелина од 1мм.

 Левиот инструмент е витректом, односно ротирачко ноже, кое ја сече стакловината и сите останати патолошки ткива.
Десно е ладното светло кое ја осветлува работната површина не оштетувајќи ја при тоа топлината на нежната структура во длабочината на окото. Мрежницата е фото-чувствително ткиво, на кое паѓа сликата на предметот што го гледаме.

 

Дваесетина години наназад, значајниот развој на технологијата и оперативните техники овозможи оперативно лечење на болестите во длабочината окото, за кои некогаш ништо не можело да се преземе. Се работи за најтешките очни болести, како што се крварење во длабочината на окото, ретинална аблација, тешко оштетување на окото при шеќерна болест, тешки воспаленија итн.

Rentinalna ablacija

На сликата лево се гледа оштетување на очната позадина при шеќерна болест.

Се гледаат белузлави мембрани кои се закануваат со својот раст, а можно е да се отстранат од окото единствено преку витректомија.