Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Дијабетична ретинопатија

Шеќерната болест ги оштетува малите крвни садови во телото па така и на очната позадина. Практично нема пациент со шеќерна болест, кој после неколку години не развил промени на садовите на очната позадина што се нарекува дијабетичка ретинопатија. Имено, крвните садови стануваат пропусни и ја пропуштаат течноста или крвта, па пациентот сè поматно и сè послабо гледа. Важно е да се напомене дека промените може да напредуваат и без пациентот да забележи било какви проблеми со видот, според тоа, важно е да се нагласат редовни контроли на очната позадина (не само очила) кај пациентите со шеќерна болест, за што порано да се почне со лекување.

Практично нема пациент од шеќерна болест, кој после неколку години не развил промени на садовите на очната позадина што се нарекува дијабетичка ретинопатија. Промените напредуваат и со време можат значајно да го оштетат видот. Што подолго се чека со лекувањето, сè потешко е да се постигне задоволителен резултат, а во крајна линија за зачувување на каков-таков вид единствена опција останува сложен оперативен зафат.

Дијабетична ретинопатија

На сликата погоре е даден приказ како пациент со дијабетски едем на жолти пеги ја гледа сликата пред себе.

Денес, единствен ефикасен и во светот признат начин на лекување, ласер фотокоагулација на очната позадина, кој може да го забави или во најдобар случај да го спречи пропаѓањето на видот, на начин што ги затвора крвните садови, кои крварат или се зачепиле. Тоа е амбулантен зафат во траење од 10-тина минути, кој обично се спроведува неколку пати на секое око во временски интервал од неколку недели. Самиот зафат не е посебно болен, но може да се почувствува лесна болка. Ласерскиот зрак е со зелена боја, а пациентот ја гледа како блескање пред окото, кое влегува во окото преку навалување на контактната лупа. По зафатот пациентот нормално заминува дома. Неколку минути после зафатот окото малку е заблеснато, но чувството е слично како при фотографирање со блиц.

Дијабетична ретинопатија 2

На левата страна на горната слика, прикажан е центарот за вид на очната позадина од болното око, каде се гледаат бројни жолти ексудати (пуштање од крвните садови) и ситни црвени точкички (проширени мали капилари) кои се одговорни за пропуштање на течноста. Пациентот со такви промени гледа матно како низ вода и постои опасност видот уште да се влоши. На десната страна на сликата се гледа третирана очна позадина од левиот дел на сликата, на кој се гледаат темни лузни после ласерот со значајно намалено пропуштање од садовите и со намалено собирање на течност, што доведува до подобрување на видот бидејќи центарот за вид станал сув, каков што треба и да биде.

Самиот зафат се работи по анестезија со капки, на начин што пациентот седи од една, а лекарот од друга страна на масата на која е ласерот. Лекарот во раката држи контактна лупа потпрена на окото на пациентот. Пациентот гледа блесоци зелено светло кои влегуваат во окото преку лупата. Зафатот трае 10-тина минути по што пациентот нормално оди дома и не мора да зема никаква терапија. Навремената ласерска терапија е единствениот прав пат за третирање на дијабетска ретинопатија!!! Стабилизацијата на видната острина се смета за успешна терапија! И по соодветниот третман може и понатаму да дојде до влошување на видот, но таа можност е значајно намалена!

Анти-VEGF терапија кај дијабетска ретинопатија

Иако ласерското лекување долги години беше златен стандард во терапијата на дијабетичка ретинопатија, денес голема улога презеде т.н. анти-VEGF терапија. Факт е дека концентрацијата на молекулот VEGF (што во превод значи фактор за раст на крвните садови) е зголемена во окото, кое има оштетувања предизвикани од дијабетес. Тоа за последица има раст на “диви“ крвни садови и зголемена пропустливост на крвните садови. Така се дошло на идеја со блокирање на тие молекули да може да се оствари подобрување на состојбата на очната позадина оштетена од дијабетес.

Денес овој облик на терапија најчесто се користи кај дијабетската макулопатија (т.н. оток во жолтата пега), а, исто така, и кај пролиферативната дијабетска ретинопатија која е карактеризирана од присуство на “диви“ крвни садови во окото, кои имаат склоност кон чести крварења, а со самото тоа доведуваат до значајно ослабување на видот.

Терапијата се спроведува со давање на инјекција во око (т.н. интравитреална терапија) за да лекот делува таму каде промените се предизвикани од дијабетес најмногу присутни - на мрежницата и во стакловината. Често е потребно да се даваат повеќе инјекции на размак од 4 до 6 недели.

Можеме да кажеме дека анти-VEGF терапијата стана исклучително важна при лекување на дијабетска ретинопатија.
Освен амбулантната примена на анти-VEGF терапијата, таа има свое место и во хируршките постапки. При подготовката на пациентите за оперативен зафат на очната позадина (витректомија) советуваме анти-VEGF терапија 7 дена пред зафатот. А, исто така, може да се примени за време на операција на катаракта кај оние пациенти, кои имаат загрозена макула поради шеќерна болест.
Претставници на оваа група на лекови се: Eylea, Lucentis и Avastin.