Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Анти - ВЕГФ (VEGF) терапија

Анти - ВЕГФ (VEGF) лекови

Анти - ВЕГФ (VEGF) лековитe се нова група „паметни“ лекови кои се применуваат во лекувањето на ретиналните болести во последните десетина години. Овие лекови овозможија значајно подобрување на резултатите од лекувањето на до тогаш неизлечивите или тешко ислечливите ретинални болести. Најчесто се применуваат во лекувањето на влажната дегенерација на жолтата дамка, дијабетичката ретинопатија, тромбозата на крвните жили на ретината и на уште неколку ретинални болести.

Како се применуваат анти - ВЕГФ (VEGF) лековите?

Во Систина Офталмологија анти - ВЕГФ (VEGF) лековите ги применуваме амбулантно, во иста просторија која е дизајнирана само за примена на овие инекции. Целата постапка трае 15 минути. Окото се анестезира со капки, дезинфицира со јод и се применува инекцијата на тенка 30 gauge игличка. Примената е безболна и пациентот веднаш оди дома. По доаѓањето дома пациентот може да го извади завојот од окото и неколку дена да капе вештачки солзи. Лекувањето се применува на месечна база и потребно е да се применува со месеци или години, со можни паузи со редовни контроли.

Зошто Елеа (Eylea)?

Ејлеа (Eylea) (афлиберцепт) е најнов и најмоќен лек од групата на анти - ВЕГФ (VEGF) лековите кои се применуваат со инјекција во окото за лекување на болестита на очната позадина. Ејлеа (Eylea) дејствува на сличен начин како и другите лекови од групата на анти - ВЕГФ (VEGF) . Го блокира факторот кој е одговорен за крварењето и формирањето на новите крвни жилички во мрежницата на окото (видната мембрана која го обложува внатрешниот дел од окото и која е најважна за гледање) и на тој начин се успорува, сопира, а кај некои пациенти и ја поправа острината на видот. Тоа што го прави овој лек посебен е делувањето на уште еден фактор, плаценталниот фактор на раст ПИГФ (PIGF), така што дејството на овој лек и повеќекратно, а со самото тоа и поефикасно.
Примарно се применува кај пациенти кои имаат болест на жолтата дамка (центарот на видот) во која доаѓа до појава на нови крвни жилички кои течат и крварат, а болеста се означува како влажна дегенерација на жолтата дамка (макула).
Индикациите се проширени на лекување на отоци на видната мембрана кои се причинети со блокада на циркулацијата, како што се тромбоза на централната мрежнична вена и кај пациенти кои имаат дијабетичката ретинопатија - компликации на видната мембрана поради долготрајната и лоша контрола на шеќерната болест.
Најновите студии покажуваат дека Ејлеа (Eylea) е подобар лек од Авастин (Avastin) и Луцентис (Lucentis), кои и понатаму се применуваат во лекувањето на наведените болести и се многу добри лекови. Ејлеа (Eylea) има поголема привлечност за факторите за создавање на диви крвни жилички, дејствувањето е продолжено, што во пракса значи дека е потребно помалку инекции со подолги растојанија.

Што значи за пациентите?

За наведените болести потребно е да се дадат повеќе инекции за да се стави болеста под контрола и не може однапред да се каже колку инекции се потребни и дали болеста повторно ќе се јави откако се смирила по примената на првата инекција. Другите лекови е потребно да се даваат на секој месец. Ејлеа (Eylea) најчесто се дава на секои два месеци, што му дава конфор на пациентот, го намалува стресот од честите посети на лекар, а поради повеќекратниот механизам на дејствување ефектот од лекувањето е подобар отколку од претходните лекови од оваа група.

Луцентис

Првиот одобрен лек за лекување на влажна форма на сенилна макуларна дегенерација или болеста жолти пеѓи поврзана со стареењето го применуваме на нашата клиника од 2008 година. Овој нов тип на лекување на дегенерација на макулата со инјекции со анти-VEGF фактори во светот почнал да се применува во летото 2005 година со примена на Авастин во Соединетите Американски Држави. Есента 2005 година ние започнавме да го применуваме Авастинот во напата поликлиника и во текот на овие 4 години сме примениле околу 5000 илјади инјекции, и сме го спасиле видот на многу пациенти кои до тогаш биле осудени на централно слепило. Иако и понатаму применуваме Авастин инјекции, лекот кој се применува и понатаму во светот и во Соединетите Американски Држави, особено поради ниската цена на лекот, сепак треба да се истакне дека Луцентис е испитан во мултицентрични студии и е одобрен за очна примена, додека за Авастинот постојат искуства во текот на 4 години примена која укажува на негова ефикасност и безбедност, но неговата примена и понатаму е “off label”.

Досегашната примена на инјекции Луцентис е многу добра и немало никакви безбедносни прашања, ниту непосакувани реакции од примената на самиот лек. Луцентис инјекциите, како и Авастин инјекциите делуваат на начин што го блокираат факторот кој е одговорен за крварење и создавање на нови крвни садови кај влажна дегенерација на макулата, и на тој начин ја забавуваат, прекинуваат, а кај некои пациенти и ја подобруваат видната острина. Потребно е да се дадат поголем број на инјекции за болеста да се стави под контрола, и не може однапред да се каже колку инјекции се потребни и дали болеста повторно ќе се јави откако се смирила по примена на инјекциите.