Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Трансплантација на рожница

Во основа секое заматување на рожницата неизлечиво преку конзервативен пат, со претпоставка на здрав заден дел на окото, претставува причина за трансплантација на рожница. Меѓу најчестите болести кои се лекуваат со трансплантација спаѓаат кератоконус, псеудофакна булозна кератопатија, Фухсова дистрофија, лузни на рожницата, состојби по херпетичен кератитис и пропаѓање на претходниот трансплантат.

Ретко, трансплантација се прави поради улкус, дистрофија и дегенерација, трауматски лузни или конгенитални заматувања. Во нашата Клиника се прават перфоративна (полна дебелина) и ламеларна (слојна) трансплантација. Перфоративната трансплантација се прави во поголемиот дел од случаите, додека ламеларната трансплантација се прави првенствено кај псеудофакни булозни кератопатии, доколку рожницата не е заматена во сите слоеви (во рок од една година од настанувањето на кератопатијата) и Фухсова ендотелна дистрофија.

Пред трансплантацијата потребно е да се направи детален офталмолошки преглед, со кој ќе се стекне увид во состојбата на окото на пациентот, по што следи детален разговор со објаснување која метода е најдобра за неговото око.