Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Страбизам и детска амбуланта

НАЈЧЕСТИ ПОРЕМЕТУВАЊА НА ОЧИТЕ ВО ДЕТСКА ВОЗРАСТ

РЕФРАКЦИСКИ ГРЕШКИ (ДИОПТРИЈА)

Најчеста причина поради која децата доаѓаат на очен преглед е диоптрија. Обично кај малите деца родителите забележуваат дека детето не гледа, бидејќи ги приближува книгите и играчките, гледа телевизија на кратка оддалеченост или ги стиска очите и често трепка при обидот за фиксирање на оддалечени предмети, кај постарите деца најчестите проблеми настануваат кога децата не гледаат на плоча. Исто така, често децата кои имаат рефракциска грешка по долготрајно читање или играње на игри се жалат на главоболка. Со оглед на тоа што детското око е во развој секоја рефракциска грешка треба исправно да се коригира.

Страбизам

СЛАБОВИДНОСТ (AMBLYOPIA)

Доколку острините на видот се намалени на двете очи, детето јасно покажува знаци на послаб вид. Но, доколку видот е ослабен само на едното око, родителите и околината не забележуваат проблем, со оглед на тоа што детето го користи подоброто око. При тоа, мозокот презема информации, кои доаѓаат од подоброто око, а информациите од другото око се потиснуваат, што доведува до развој на слабовидност, односно заостанување во развојот на окото, кое не се користи. Доколку тоа се случува во најрана возраст кога мозокот и окото сè уште не се развиени, видот на зафатеното око може да остане многу слаб, бидејќи послабото око е запоставено од почетокот и не добива шанса да се развива. Шансата дека детето ќе има таков проблем е поголема, ако некој во семејството има сличен проблем.

КРИВОГЛЕДСТВО (СТРАБИЗАМ)

Страбизам е пореметување на положбата или подвижноста на очите. Кај здравите очи двете очи стојат рамно гледајќи во иста точка, а движењата се усогласени. Секое око придвижува 6 мускули, а импулсот за придвижување доаѓа од мозокот. Со усогласени движења на очите се постигнува совршена соработка на двете очи, што овозможува развој на бинокуларен вид, односно соработка при гледање со двете очи во исто време, при што двете малку различни слики се вклопуваат заедно во мозокот каде се овозможува создавање на една слика во три димензии (стерео вид). Ако двете очи не стојат рамно или поради нешто е ограничена подвижноста во една насока, мозокот ќе го исклучи окото кое не стои рамно или не следи и ќе се развие веќе претходно споменатата слабовидност, а нема да може да се развие ниту бинокуларност и стереовид.

Во некои случаи, кога развојот на видот е веќе завршен и кога не може веќе да се воспостави бинокуларен вид, операција на страбизам може да се направи од козметички причини за да се намали отклонот и за да се доведе окото во рамна положба напред и со тоа на пациентот да му се овозможи подобар естетски изглед и полесно социјално прилагодување. По повредата може да настанат парализи на некои од мускулите што го придвижуваат окото и освен нарушениот изглед на пациентот, кому претходно сите видни механизми добро му функционирале може да има двослики, во такви случаи, иако не може да се врати функцијата на мускулот, односно живецот, кој го придвижува со операција може окото да се доведе во положба, која повеќе одговара на нормален природен начин на гледање и со тоа да се олесни секојдневното функционирање.

ВРОДЕНА КАТАРАКТА

Понекогаш детето може да се роди со катаракта на едното или на двете очи. Таквите вродени катаракти настануваат обично поради пореметување во развојот или пак некои инфекции уште додека детето е во мајчината утроба. Со оглед на тоа што заматената леќа го попречува влезот на светлина во окото, дури и ако остатокот на окото во целост е здрав, доколку катарактата веднаш не се отстрани, видот на детето нема да може да се развива и ќе остане многу слабовидно и по успешно направените операции. Според тоа, вродената катаракта е потребно да се оперира што порано, уште како бебе. При операцијата се прави рез од речиси неколку мм и со помош на ултразвук се отстранува заматената леќа и на нејзино место се става низ малиот рез вештачка леќа. Вештачката леќа се наоѓа, значи, на истото место каде била и природната.