Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Пластика

1. ФУНКЦИОНАЛНА И ЕСТЕТСКА ХИРУРГИЈА НА ОЧНИТЕ КАПАЦИ

- КОРЕКЦИЈА НА ПТОЗА (СПУШТЕН ОЧЕН КАПАК)
Птоза е медицински израз за спуштен очен капак кој освен што естетски проблем, исто така може да предизвика функционални проблеми со видот доколку ја зафаќа визуелната оска. Може да биде присутна при раѓањето на детето, па се нарекува вродена. Стекната птоза настанува како последива на повреда или дегенеративна промена на мускулите и тетивите на очниот капак предизвикани со стареење. Изборот на зафат зависи од видот и степенот на птоза, зафатот се врши во локална анестезија со многу брзо закрепнување на пациентот.

Spusten ocen kapak

- БЛЕФАРОПЛАСТИКА
Најчест хируршки зафат на очните капаци кој им ја враќа свежината и младиот изглед се нарекува блефаропластика. Естетска блефаропластика се изведува во случај на вишок кожа на капаците (dermatochalasis) која најчесто поради стареење то ја изгубила својата еластичност, па виси преку рабовите на очниот капак, а може да биде и поврзана со пролапс на масното ткиво од орбитата, што предизвикува создавање на масни перничиња и подочници. Функционална блефаропластика се врши во случаи кога освен вишок кожа, може да бидат ослабени и мускулите и доаѓа до спуштање на очните капаци со неможност за подигнување на капаците (птоза). Со оперативен зафат под локална анестезија се отстранува вишокот кожа, масното ткиво и растегнатите мускули на очните капаци. Засекот се прави во природните набори на капакот или под трепките и се затвора со конци кои се вадат за 7 дена, со брзо закрепнување и практично невидлива лузна.

Blefaroplastica

- КОРЕКЦИЈА НА ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ПОЛОЖБАТА НА ОЧНИТЕ КАПАЦИ (ЕКТРОПИЈА, ЕНТРОПИЈА)
Поради промена во структурата на работ на очните капаци предизвикана со стареењето, лузни, повреди или пореметувања на инервација доаѓа до извртување на работ на очниот капаксо трепките према надвор (ектропија) така што окото не може да се затвори, течат солзи преку работ и доаѓа до сушење на рожницата и предниот сегмент на окото. Работ на очниот капак може да се изврти и према внатре (ентропија), па трепките создаваат рани на рожницата, а пациентот со болки доаѓа во болничка ординација. Со оперативен зафат под локална анестезија се зајакнува работ на очниот капак и се мести во соодветна положба или се формира нова мускулна инсерција за да се врати правиот облик и функција на очниот капак.

2.ОПЕРАЦИЈА НА СОЛЗНИОТ КАНАЛ

-ЛЕЧЕЊЕ НА СОЛЗНО ОКО КАЈ ДЕЦА (СОНДАЖА И ВЕНТИЛАЦИЈА НА СОЛЗНИТЕ КАНАЛИ)
-ХИРУРШКО ЛЕКУВАЊЕ НА СТЕСНЕТИ ИЛИ ОПСТРУИРАНИ НАЗОЛАКРИМАЛНИ КАНАЛИ (ДАКРИОЦИСТОРИНОСТОМИЈА СО ИЛИ БЕЗ ИНТУБАЦИЈА НА НАЗОЛАКРИМАЛНИ КАНАЛИ СО БИКАНАЛИКУЛАРИ ИЛИ МОНОКАНАЛИКУЛАРНИ СИЛИКОНСКИ СТЕНТОВИ)
Дакриоцисториностомија (DCR) е оперативен зафат со кој повторно се воспоставува истекување на вишокот солзи од окото преку солзна вреќичка и солзните патишта кон носната шуплина во случаи кога е блокиран протокот низ назолакрималниот канал (солзен пат). Таа состојба се манифестира со зголемено солзење (епифора) и пропратни инфекции поради застој на солзите во солзната вреќичка. Зафатот може да се изврши ендоскопски (со пристап од носната шуплина) или со надворешен пристап (низ кожата на очниот капак), со или без вградување на силиконски цевки.

Operacija na sluzen kanal

3. НЕХИРУРШКО ЛЕКУВАЊЕ СО АПЛИКАЦИЈА НА ИНЈЕКЦИИ НЕВРОМОДУЛАТОР (БОТОКС)

Ботулинскиот токсин е невротоксичен протеин кој го произведува бактеријата Clostridium botulinum, во јавноста позната по тоа што најчесто предизвикува труење кај луѓе кои конзумираат контаминирана храна од конзерва.
И покрај фактот дека ботулинскиот токсин е еден од најсмртоносните природни токсини познати во науката денес, ботулинскиот токсин тип А (Ботокс) се користи ширум светот во медицински цели. Токсинот делува така што го блокира ослободувањето на ацетилхолин на периферните нервни завршетоци при што е оневозможена контракција на мускулот во таа област на интервенција. Ефектот на токсинот е привремено и со неговото разградување се воспоставува првобитната состојба, поради што е потребно да се повторува лекувањето. Се користи во лекување на блефароспазма, дистроидна орбитопатија и паралитичен страбизам.