Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Отстранување на диоптрија без ласер

Имплантација на ICL, Verisyse и Veriflex интраокуларни леќи

Доколку се покаже дека поради висината на диоптерот, дебелината на рожницата или некоја друга причина не може да се пристапи кон ласерска корекција на видот, тоа не значи дека не може да ви се помогне да се ослободите од наочари и леќи. Освен ласерска операција, диоптерот може да се корегира и со вградување на леќа.

За лица со диоптер поголем од -10.00D или +5.00D и кај лица со особено тенка рожница не се препорачува ласерско отстранување на диоптер поради преголемо тенчење на рожницата, поголема зачестеност на поврат на дел од диоптерот и зголемена можност за светлосна аберација (halo, glare). Имплантацијата на интраокуларни леќи во предната очна комора кај висока миопија до сега дава најдобри резултати. ICL, Verisyse и Veriflex леќите се вградуваат кај пациенти со стабилен диоптер од -2.00 D до -23.5 D кај миопија и од +1.00 D до +12.00 D кај хиперопија, како и кај лица со тенка рожница, наместо примена на LASIK третман.

Имплантацијата на ICL, Verisyse и Veriflex леќи е одличен избор за пациенти кои не се соодветни за LASIK. Безбедни се и предвидливи во корекција на висока миопија и висока хиперопија. Операцијата не е катарактогена, а леќата лесно може да се отстрани со обратен процес на имплантација во случај на развивање на нова, подобра технологија или кај појава на катаракта.