Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Офталмолошки прегледи

Многу очни болести во почетокот не покажуваат никакви знаци на предупредување, ниту симптомите се јасно изразени, иако дел од нив може да бидат опасни за видот. Раното откривање и лекување може да спречат слепило и да го одржат квалитетот на животот. За навремено откривање на тие болести потребни се превентивни или општи прегледи на очите.

Често се заборава на важноста на редовните офталмолошки прегледи се додека не приметите промена во квалитетот на видот. Кога настапуваат такви промени, болеста веќе е во напреден стадиум.

Oftalmologija pregled

ОПШТИОТ ПРЕГЛЕД опфаќа:

  • Земање на медицинска историја и семејна анамнеза
  • Одредување на видната острина
  • Испитување на реакција на зеницата
  • Испитување на подвижноста на окото
  • Мерење на очен притисок
  • Преглед на предниот и задниот дел на окото

Важно е да се напомене дека лицата кои во својата фамилија имаат историја на очни болести имаат зголемен ризик од развој на истата болест. Многу болести своите први знаци може да ги дадат токму на очите, како што се дијабетес, зголемен крвен притисок, имунолошки и невролошки болести. Препорака е по четириесеттата година редовно да се оди на офталмолошки преглед, бидејќи со годините се зголемува и бројот на очни болести.

Доколку за време на општиот офталмолошки преглед се појави сомневање за одредена болест, тогаш на пациентот му се индицира субспецијалистички преглед, како и одредени дијагностички испитувања со кои се потврдува или исклучува одредена болест на окото.

За да им олесниме на нашите пациенти кои веќе имаат одредена дијагноза на очни болести, како на пр. глауком или проблем со позадината на окото, направивме пакети на услуги кои опфаќаат потребен субспецијалистички преглед и одредени дијагностички, но и терапевтски постапки.

Преглед за ласерско отстранување на диоптер