Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Ласерска корекција на диоптрија

Диоптријата претставува оптичка несовршеност на окото, односно неможност на окото да ја изостри сликата. Матна слика на далечина значи дека окото е „преголемо“ и е потребна минус диоптрија за да се изостри сликата (кратковидост, миопија).Кога сликата е матна и далеку и блиску, значи дека окото е „премало“ и е потребна корекција со плус диоптрија (далекувидост, хиперметропија). Астигматизмот претставува несовршен облик на окото, и во овој случај сликата е матна и со сенки, а се корегира со цилиндрична корекција. Лица кои имаат диоптрија, јасна слика може да постигнат со носење наочари, контактни леќи или ласерска операција за отстранување на диоптрија.

Ласерско отстранување на диоптрија се однесува на процедури кои се изведуваат со ласерско ремоделирање на предната проѕирна површина на окото која се нарекува рожница со цел корегирање на оптиката на окото, односно создавање на јасна слика без употреба на корективни помагала. Овој оперативен зафат се изведува со помош на многу прецизниот Excimer ласер кој прави микронски промени на обликот на рожницата.

laserska korekcija dioptrija

Ласерско отстранување на диоптрија во светот се практицира 29 години и до сега се оперирани преку педесет милиони луѓе.

Во Македонија оваа метода на ласерска корекција на диоптријата успешно ја изведува врвниот и искусен тим на  Систина Офталмологија,   во соработка со најголемата Универзитетска клиника „Свјетлост“ од Загреб. Оваа универѕитетска оцна клиника е прва во Хрватска, која започна  да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 17 години и до сега оперирала преку 50 000 очи. 

Денес постојат неколку методи за отстранување на диоптрија, базирани на тоа на која длабочина на рожницата се интервенира: површина на рожницата – PRK и средина на рожницата – LASIK. Сите типови на операции се во целост компјутерски контролирани со помош на прецизни компјутерски програми интегрирани во ласерска платформа. Со денешните апарати една диоптрија може да се намали за помалку од 2 секунди, а системите за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (trackers) овозможуваат прецизно доставување на ласерските зраци на точно зададено место без оглед на движењето на окото. Поради совршено прецизни и брзи софтверски системи, сите денешни операции се преку 99% сигурни.

Изборот на метод, денес исклучиво зависи од карактеристиките на окото, висината на диоптријата, како и начинот на живот на пациентот, додека типот на ласер се избира воглавно во зависност од диоптријата на пациентот.

Во принцип со денешните ласери може да се намалуваат диоптрии од -10 до +5, како и ±6 диоптрија на астигматизам, што значи дека практично 95% од лицата се кандидати за операција. Кај лицата чија диоптрија е поголема, развиен е метод на вградување на факична леќа во очите, чии резултати се еднакво добри како и кај ласерските операции (за лица со високи диоптрии често е подобро, затоа што леќите го подобрат квалитетот на сликата).

Во принцип ласерско отстранување на диоптрија им се препорачува на лица постари од 18 години чија диоптрија е стабилна минимум една година (односно промената на диоптријата не била поголема од 0.50). Горната старосна граница за отстранување на диоптрија е нешто пофлексибилна, и отстранувањето може да се врши се додека на лицето не му се појави катаракта (заматување на природната леќа). Меѓутоа, по 40-тата година на пациентите им се презентира и можност за вградување на мултифокални леќи во окото, што по 40-тата година дава комплетно решение за отстранување на диоптријата, бидејќи овозможува отстранување на диоптријата и за далеку и за блиску, додека со ласерот главно се третира само за далеку.

Контраиндикации има многу малку, и на прво место се однесуваат на прозирноста на оптичките медиуми, односно лицето не смее да има катаракта или заматена рожница, бидејќи во тој случај операцијата би била бесмислена. Потоа, многу е важна дебелината на рожницата и висината на диоптријата која треба да се отстрани, бидејќи рожницата по операцијата не смее да остане претенка. Не се практикува отстранување на диоптрија кај помлади од 18 години, односно додека не завршил растот и развојот на организмот, а со тоа и на окото, како и кај трудници и доилки заради променетиот хормонски статус на организмот.

Оперативниот зафат исто така не се препорачува кај лошо контролирани дијабетичари, лица со имунолошки болести, кај лица со рецидивни воспалителни болести на окото, лошо, особено суво око, и кај лица со особено тешки алергии во фаза на алергија. Меѓуто контролиран глаукома, сите тие контраиндикации се релативни. Единствена апсолутна контраиндикација е кератоконус (дегенеративна болест на рожницата кај која доаѓа до нејзино истенчување и деформација).

 

Препорачана метода во зависност од големината на диоптријата :

Диоптрија -10 do +5 – LASIK

Диоптрија 0 do -7 – PRK, LASEK и epi-LASIK

Диоптрија -10 и повеќе – КОРЕКЦИЈА НА ДИОПТРИЈА БЕЗ ЛАСЕР

Диоптрија 0 do +5 – LASIK