Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Глауком

Глаукомот е болест на очниот нерв која настанува како последица на нерегулиран очен притисок. Резултатот од тоа е намалување на видното поле, слабеење на видната острина, а во најтешки случаи и трајно губење на видот. Втора причина за слепило во светот, веднаш по мауларна дегенераијца. Меѓутоа, постојат се поголем број статистички податоци кои глаукомот го дефинираат како водечки причинител на слепило. Не е лесно да се дијагностицира, бидејќи најчесто е асимптоматска болест, и затоа со право го нарекуваат тивок крадец на видот. Основната поделба е на глауком со отворен и затворен агол, и примарен и секундарен глауком.

Глаукомот може да се дијагностицира кај сите возрасни групи, вклучително новородени или многу мали деца. Исто така, го сретнуваме кај малди луѓе, како и кај средната возраст. Но, сепак најмногу во има во длабока старост. Тешко се препознава. Дури и во развиени земји со добро воспоставена програма за рано откривање на глауком, 50% од случаите остануваат недијагностицирани.

Glaukom videnie

Претежно се непознати причините кои доведуваат до пореметување на истекувањето на очната вода, што доведува до притисок на очниот нерв и негово трајно пропаѓање. Кај помала група пациенти може да се дефинираат причините за зголемен очен притисок, а тоа се повреда на очното јаболко, одредени болести како дијабетес и сл.

Најчесто воопшто нема симптоми. Пациентите често наведуваат сосема нетипични симптоми како што се солзење на очите, повремена главоболка пропратена со краткотрајно замаглување на видот, осетливост на светло, и халои во боите на виножитото околу изворот на светлина кој се гледа.

Очниот притисок кој се дефинира како ризик фактор за развој на глауком е оној кој надминува 21,00 mmHg, а сериозно зголемен, ако преминува 24,00 mmHg. Меѓутоа, постојат и глаукоми кај кои очниот притисок не мора да е зголемен, па зборуваме за глауком со нормална тензија и галуком со ниска вредност на очниот притисок. Исто така, зголемената загуба на нервни влакна во центарот на главата на очниот нерв што го дефинираме како екскавација, е сомнеж за постоење на глауком.

Појавата на глауком во семејството не значи дека ќе заболат сите негови членови, туку дека можноста за појава на болеста е поголема отколку кај семејства без глауком. Тоа секако повикува на поголема внимателност и почести контроли на очниот притисок.

Високата кратковидност носи зголемен ризик од глауком, како и претходно споменатата пеќерна болест. Хипотиреозата исто така може да влијае на појава на глауком. Васкуларните болести и артериската хипертензија може да доведат до слаба исхрана на очниот нерв заради терапијата со која се лекуваат.

За да се дијагностицира глауком, од суштинско значење е да се земе дтална лична и семејна анамнеза на пациентот, да се провери видната острина, да се измери очниот притисок, да се прегледа аголот на окото, да се измери дебелината на рожницата, и да се прегледа очната позадина со посебен осврт на изгледот на очниот нерв. Доколку е можно, треба да се направи оптичка кохерентна томографија (OCT). Секако потребно е да се направи видно поле кое ни ја покажува состојбата на PNO.

Лекувањето на глауком примарно се врши со капнување на антиглаукомски капки во очите. Тоа е доживотна терапија, но најдобро е додека глаукомот може да се регулира на овој начин. При тоа, лекарот мора да ја земе во предвид и општата здравствена состојба на пациентот и врз основа на тоа да ординира соодветни капки. Доколку таа терапија не е доволна се комбинира со ласерска терапија. Таа вклучува аргон ласер, Yag ласер, и во последно време доста применувана селективна ласерска трабекулопластика (SLT). Кој од овие ласери ќе се употреби, зависи од типот на дијагностициран глауком. Како последен начин на лекување на глауком се сметаат и многубројни оперативни зафати. Меѓутоа, тие често не се трајно решение, па се вршат само кога ниту еден од претходно наведените методи веќе не е доволен. Во секој случај глаукомот е болест која и покрај сите терапии напредува до крајот на животот. Но кога со помош на терапија се става под контрола, напредувањето на болеста е многу бавно, така што пациентите имаат многу оптимистички прогнози без страв од трајно губење на видот.