Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Crosslinking

Кератоконус

Кератоконус е прогресивна болест на рожницата која се манифестира со промена на нејзиниот облик и ослабување на видната острина, а често крајната фаза на напредување на болеста бара трансплантација на рожницата. Појавата на кератоконус е за жал многу висока и речиси се стекна со статус на епидемија. Некогаш за оваа болест се зборувало како за реткост, но во последната деценија тоа мислење дефинитивно е променето. Забрзаниот развој на рефрактивната хирургија и високата технологија секако допринесоа до откривање на поголем број пациенти со оваа болест.

Сите причини за настанување на кератоконус не се познати. Сигурно е дека одреден процент е генетски наследен, но кератоконус има толку многу така што сите случаи не може да се врзат исклучиво за наследни. Во секој случај, кај сите пациенти се работи за програсивно ослабување на колагенските врски на рожницата што може да резултира со нејзино пукање и создавање лузни. Рожницата го губи својот природен облик и се шири напред како шаторско крило. Притоа, значително се истенчува, како балон кој се надувува. Крајниот резултат може да биде значително намалување на видната острина и толку тенка и променета рожница што едноставно ќе мора да се промени со оперативен зафат кератопластика, односно трансплантација на рожницата.

Keratokonus

Болеста е главно врзана за особено млади и помлада популација. Има случаи каде кератоконус е констатиран кај деца на возраст од 6-7 години, но најчесто на возраст од 15-20 години. Колку е пациентот помлад, напредувањето на болеста е побрзо, а прогресија е можна до четириесеттата година кога возраста е природна бариера во напредувањето на болеста. Меѓутоа, треба да се спомне дека во последно време се забележани случаи на новонастанати кератоконуси и на возраст од 50-60 години. Меѓутоа, тука воглавно се работи за почетен степен и напредување на болеста не е забележано.

Во почетните фази на кератоконус секако е битно да се поправи видната острина која станува полоша заради промена на прекршувачката моќ на рожницата. Тоа во одреден процент може да се постигне со наочари или со некои контактни леќи. Доколку степенот на кератоконус е поголем, пациентите може да се ординираат со полутврди леќи кои имаат за цел подобрување на видната острина. Погрешно е да се каже дека овие леќи ќе го запрат кератоконусот, бидејќи болеста напредува од внатрешната страна на рожницата каде леќата никако не достигнува. Она што секако им се предложува на пациентите е процедура која се нарекува Crosslinking.

CROSSLINKING

Crosslinking е зафат со кој се обидува да се зајакне ослабената колагенска врска на рожницата и така да се забави напредувањето на болеста кератоконус. Акцент е ставен на зборот забавува, бидејќи процедурата се користи во светот околу 15 години, така да се уште не постои доволен временски период за да може со сигурност да се утврди дали со Crosslinking дефинитивно се запира кератоконусот. Според досегашното искуство, од 5 пациенти на кои им е направен овој зафат, еден дошол до трансплантација на рожница.

Лица на кои им се препорачува crosslinking се пациенти со кератоконус чија дебелина на рожницата не е под 390 микрони, пациенти чија рожница е бистра и без лузни, на кои вредностите на поостри меридијани на рожницата се максимум 58 диоптер, а видната острина со наочари може да изнесува 0,9 или помалку. Пациенти со други болести на рожницата и секако пациенти кои се трудни не се кандидати за Crosslinking.

Зафатот crosslinking трае околу два часа. Се работи во локална анестезија со капки и потпилно е безболен. Со фина шпатула се отстранува површинскиот слој на рожницата, односно нејзиниот епител. После тоа рожницата се третира со висока доза на B2 витамин во облик на густа течност која се вика Рибофлавин во траење од 20 до 30 минути. Рибофламинот тука има повеќенаменска улога. Пред се да ја зајакне рожницата, но еднакво важно и да ги заптити подлабоките сегменти на окото од УВ зраци со кои окото ќе се третира подоцна. По завршувањето рожницата се третира со УВ лампа во текот на следниот половина час со паузи на секои пет минути. Лампата автоматски сама се исклучува и по пауза од две минути повторно се капнува Рибофлавин кој со УВ зраците има задача да ја зајакне рожницата. По завршување на зафатот, на третираната рожница се аплицира мека контактна леќа која континуирано останува во окото 4 до 7 дена. Пациентот добива локална терапија во вид на кортикостероидни капки кои се капнуваат во текот на наредните два месеца. Првиот ден по зафатот, пациентот може да чувствува силни болки на што секако се предупредува.

Ricrolin Crosslinking treatment

Вистинските резултати по Crosslinking се проценуваат по 6 до 12 месеци по зафатот кај возрасни пациенти, а кај деца потребни се и до 24 месеци.
Пациентот по закрепнувањето може да продолжи да носи контактни леќи, а многу често тоа се леќи со исти параметри како и пред Crosslinking.