Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Преглед

Прегледот за ласерско отстранување на диоптрија се смета за најдетален преглед во офталмологијата, бидејќи за пристапување кон процедурата окото мора да биде здраво, односно сите евентуални неправилности, болести или состојби мора да бидат или излечени или добро контролирани пред пристапување кон самата процедура.

Прегледот за ласерско отстранување на диоптрија започнува со снимање на предниот прозирен дел на окото (рожницата) за да се добие увид во релјефот на предниот и задниот дел на рожницата, и на нејзината дебелина. Исто така се мери и бројот на ендотелните клетки на рожницата (матични клетки кои ја одржуваат рожницата прозирна). По снимањето на рожницата се врши снимање на аберација од повисок ред на окото, односно објективно се мери состојбата на окото како оптички апарат и се проверува дали освен диоптријата постојат и други неправилности кои влијаат на квалитетот на сликата.

pregled sistina oftalmologija

По завршување на снимањето се проверува острината на видот на пациентот, и со помош на добиените објективни информации за диоптријата, аберацијата и релјефот на рожницата се одредува диоптријата.

Потоа се шират зениците со цел дополнителна објективна проценка на диоптријата (ширењето на зеницата исклучува мускулна акција, т.н. акомодација која кај дел од пациентите може да покаже лажна висока или ниска диоптрија).

pregled sistina oftalmologija

Исто така, во рамки на прегледот задолжително се мери очниот притисок, количината на солзи и се проверува состојбата на очната позадина (мрежницата). Прегледот на мрежницата вклучува преглед на очниот нерв, жолти пеги (центарот на видот), и периферијата на очното дно кое е често разредено кај лица со висока диоптрија.

Во случај на наод на било какви неправилности на спектарот, испитувањето се проширува зависно од наодот.

Прегледот по правило трае помеѓу 90 и 120 минути.