Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Операција и закрепнување

Ласерското отстранување на диоптрија се изведува амбулантски, што значи дека пациентот може да оди дома половина час по операцијата.

Пред самата операција окото се анестезира локално со капки и се дезинфицира со јод. Самата операција, зависно од методот, трае 5-10 минути и целосно е безболна. По анестезијата и чистењето на окото, пациентот се поставува под ласерот. Заради безбедност на операцијата, клепките на окото се фиксираат со посебно дизајнирани држачи за капаци, кои не дозволуваат затворање на окото ѕа време на зафатот. Пациентот во текот на целата операција, е буден и соработува со хирургот, кој го води пациентот низ оперативниот тек давајки му  детални упатства каде пациентот треба да гледа (кај повеќето ласери постои зелено фиксациско светло за пациентот да може полесно да се фокусира)

ПОСТОПЕРАТИВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ

Постоперативното закрепнување по правило зависи од методот на отстранување на диоптрија. Првиот ден по операцијата сликата обично е матна, но веќе наредниот ден доаѓа до значително разбистрување на сликата. Најбрзо закрепнување на видот е кај ЛАСИК методот, додека кај PRK методот, целосното закрепнување на видот е нешто побавно.

Кај ЛАСИК и PRK методот потребно е 3-4 дена да се избегнува плакнење на окото со вода од чешма, и задолжително да се избегнува триење на очите. Исто така, не се препорачува  2 недели капење во море и минимум 3 недели капење во базени. Потребно е да се избегнува спорт една недела, по што пациентот може да се врати на полесни физички активности (возење велосипед, трчање, аеробик).

Препорачливо е да се избегнува месец дена дигање на тежок товар (поради силно напрегнување), како и групни спортови (поради случајни повреди со топка, прст). Се препорачува да се избегнуваат најмалку 2 месеца боречки спортови кај кои постои опасност од повреда н окото.

По сите процедури задолжително 2 недели капнувајте капки во комбинација со антибиотик/кортикостероид, и најмалку еден месец вештачки солзи.