Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Ласик метода

ЛАСИК е денес најчесто изведуван вид на операција поради неговата исклучителна прецизност, висок спектар на диоптрија која може да се третира, како и брзото постоперативно закрепнување. Првиот ЛАСИК го направи др. Палликарис во Грција 1990 година.

ЛАСИК методата се состои од две фази на операцијата. Во првиот чекор се формира „flap“ (преклопец на рожницата), а во вториот чекор се ремоделира површината на рожницата со Excimer ласер.

Индикации за операција се диоптрија од -10.0 do +5.0, како и до ±6.0 цилиндар астигматизам.

ЛАСИК СО МИКРОКЕРАТОМ (СТАНДАРДЕН ЛАСИК)

lasik metoda

Микрокератомот  бил првото средство конструирано за формирање на преклопец (flap) на рожницата. Во последните 25 години, квалитетот на изработка, брзината и прецизноста на механичките микрокератоми, постојано се подобрувала, што довело до значајно зголемување на сигурноста и прецизноста на операциите. Последната генерација на микрокератом која ја користиме во нашата болница овозможува многу прецизно формирање на преклопец на рожницата, правилни рабови, како и предвидена дебелина и облик. Постапката трае кратко и не создава непријатност за пациентот.