Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Други методи на корекција на диоптрија

ФАКИЧНИ ЛЕЌИ ЗА ЛИЦА СО ВИСОК ДИОПТЕР И ТЕНКИ ИЛИ НЕПРАВИЛНИ РОЖНИЦИ (IMPLANTABLE COLLAMER LENS (ICL), VERISYSE, VERIFLEX)

Кај луѓето кои имаат особено висок диоптер (над -10.0 или +5.00), или на преглед се открие дека нивната рожница (предниот прозирен дел на окото) е претенок за делување со ласер, или имаат некаква неправилност на рожницата поради што ласерското отстранување на диоптеријата би ги подложило на ризик од компликации, постои можност за вградување на факични леќи (ImplantableCollamerlens (ICL), Verisyse, Veriflex) во очите. Овие леќи се вградуваат во предниот дел на окото (пред или зад зеницата), без вадење на природната леќа и функционираат како контактна леќа во окото, само што пациентот нема никаква грижа за нив, ниту ги чувствува. Операцијата се изведува со мали резови за кои најчесто не е потребно шиење. Операцијата скоро во целост е без компликации и исклучително е безопасна по сите структури на окото (не се отстранува ниту една структура на окото). Особено е погодна за млади лица кои се уште не ја изгубиле можноста за акомодација, односно можност на окото да се прилагоди и да ја изостри сликата и на блиско и на далечно растојание. Лицето не може да осети дека во окото има леќа, ниту таа може да се види со голо око, а леќата е наменета да остане во окото цел живот.

Verisyse Veriflex lekji

Постoјат неколку видови такви леќи (ImplantableCollamerlens (ICL), Verisyse, Veriflex) кои овозможуваат третирање на спектар на диоптер од -23 диоптер до +21 диоптер, односно 6 цилинри астигматизам.

IMPLANTABLE COLLAMER LENS (ICL)

Лица со висок диоптер кој не може да се реши со ласерска операција може да пристапат со вградување на нов вид на факични леќи, т.н. ICL (ImplantableCollamerLens). ICL моментално се сметаат за најквалитетно решение за лица кои не се соодветни кандидати за ласерско отстранување на доптер, а се во спекат на диоптер од -3 до -20, како и +0,50 до +10, корегираат и астигматизам до 6 диоптер. Во споредба со останатите генерации, факичните леќи имаат поголема оптика, и се погодни и за лица со голем дијаметар на зеницата. Исто така, поради положбата на леќата во окото забележано е дека кај лица со голем минус диоптер значајно ја подобруваат видната острина во однос на наочари и контактни леќи.

IMPLANTABLE COLLAMER LENS

Пациенти кои се соодветни за ICL се лица помеѓу 20 и 50 години, имаат стабилен диоптер кој не е соодветен за ласерска операција поради висината на диоптерот, тенка рожница или очни болести кои се контраиндикација за ласер. Изградена е од биокомпатибилен материјал, и не предизвикува имунолошка реакција на окото, а има и својство на анти-рефлексија и УВ заштита.

Леќата се вградува зад зеницата (во задната очна комора помеѓу ирисот и природната леќа). Предност на вградувањето на леќа е иреверзибилноста на зафатот, односно во случај на значајно зголемување на диоптерот или настанување на катаракта, леќата може да се извади / замени со друга леќа која со соодветен диоптер или некој друг вид леќа без дополнително оштетување на окото.

МУЛТИФОКАЛНИ ЛЕЌИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ДИОПТЕР ЗА ДАЛЕКУ И БЛИЗУ

Кандидати се лица по 40-тата година кои не носат очила за далеку и за блиску, како и лица кај кои се развива катаракта. Нема горна старосна граница за вградување на овој вид на леќа. Единствен услов за успешно вградување и одличен резултат е зачувано здравје на макулата.

Технологијата подразбира менување на природната леќа со вештачка леќа со повеќе диоптрии која овозможува добар вид на далеку, близу и на средно растојание (потребно за работа на компјутер). Операцијата во траење од 10-15 минути се изведува во анестезија со капки за очи со мал засек со големина од 2.2mm кој не бара шиење. Пациентот може да оди дома половина час по зафатот, а закрепнувањето трае само 2-3 дена. 

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ТЕРАПЕВТСКИ МЕТОДИ ЗА ЛАСЕРСКО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИОПТЕР –ТРЕТИРАЊЕ НА ЛУЗНИ И АБЕРАЦИИ ОД ПОВИСОК РЕД

 

Освен за отстранување на диоптрија ласерската технологија се користии за лекување на дел од лузни и дистрофија на рожницата. Најчесто за такви болести се користи методото PTK (фототерапевтска кератектомија) која ја ремоделира самата површина на рожницата (предниот прозирен дел на окото) со цел отстранување на дел кој е заматен, како и намалена неправилност која го нарушува видот. По зафатот често се користат и лекови од типот Митомицин кој дополнително го подобрува бистрењето на рожницата и го контролираат лекувањето за да се задржи посакуваниот резултат.

Исто така, постојат и различни видови на третмани кои се водат од релјефот на рожницата или оптиката на целото око и најчесто се користат кај лица кои имале некој вид на операција на окото пред 10-тина и повеќе години со цел дополнително подобрување на резултатите добиени со тогашната технологија.

Исто така, денес кај лица со кератоконус може да се корегира делот со неправилност со помош на ласер по што обично се прави crosslinking со цел да се стабилизираат резултатитет и да се спречи понатамошното напредување на болеста. Денес кај лицата со кератоконус почесто се врши crosslinking со цел да се спречи напредување на болеста, па неколку месеци по стабилизирање на наодот се вградува факична ImplantableCollamerLens (ICL) леќа со соодветен диоптер со цел целосно отстранување или намалување на зависноста кај тие лица од наочари и контактни леќи.