Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Ултразвучнa операција на катаракта

Катаракта (перде) е една од најчестата очна болест кај постари лица и e главна причина за слепило во светот. Таа е последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа која се наоѓа меѓу ирисот и зеницата.

Причини за катаракта

Operacija katarakte

Освен природниот процес на стареење кај окото, катарактата (пердето) може да биде и вродена, како последица на траума, претходна повреда, инфекција и претходна операција на око, метаболички болести како дијабетес, галактоземија; примена на одредени лекови, како кортикостероиди, лекови за намалување на холестерол, хормонска терапија, висок притисок, а може и да настане како компликација на други очни болести (увеитис, глауком), и се јавува како резултат на појава на некои синдроми (на пр. Даунов синдром).

Симптоми на катаракта

Катарактата (пердето) се манифестира со заматен вид и двојно гледање, зголемена чувствителност на светлина, потешкотии при гледање во ноќта, избледување на боите, брзо заморување на очите и главоболки.

Видови на катаракта

Постојат три основни видови на катаракта (перде): Нуклеарна катаракта, Кортикална катаракта и Постериорна Субкапсуларна катаракта. Во текот на годините, со стареењето, катарактата (пердето) може да се појави и како комбинација од повеќе вида.

Нуклеарна катаракта е најчестата катаракта (перде) која се манифестира со стврднување на природната леќа и замаглување на нуклеусот (јадрото на леќата). Како симптоми се јавуваат: промена воспособноста на окото да фокусира и привремено подобрување на видот за блиску. Нуклеарната катаракта напредува бавно и потребни се години постепено развивање пред да почне сериозно да влијае на видот.

Кортикална катаракта се манифестира со појава на заматување или бели сенки во периферните оддели на леќата (кортексот). Како симптоми се јавуваат: заматен вид, отсјај, контрасти и губење на чувство за длабочина. Луѓето со дијабетис спаѓаат во ризичната група кај кои може да се појави кортикалната катаракта.

Постериорна субкапсуларна катаракта односно катаракта на задна капсула се манифестира со појава на заматување во близина на позадината на леќата, со што го попречува преносот на светлина до ретината (мрежницата). Како симптоми се јавуваат: потешкотии во читање, појава на “ореол” и отсјај околу светли елементи. Кај луѓето кои користат стероиди, или имаат дијабетис, екстремна кратковидност (гледање далеку) и/или ретинис пигментоса (наследна очна болест) може да се појави овој вид на катаракта. Катарактата на задна капсула напредува многу брзо и симптоми може да се јават во период од неколку месеци.

Отстранување на катаракта

ultrazvucno katarakta

Во некои случаи на почетна катаракта (перде), видот може да се подобри со очила бидејќи отекувањето на леќата предизвикува минус диоптер на окото (кратковидност). Со време, катарактата (пердето) почнува да созрева и очилата веќе не се корисни и како единствена можност за лекување останува операција. Катарактата (пердето) денес се оперира кога пациентот не е задоволен со својот вид со очила и не се чека „катарактата (пердето) да созрее“ како што беше потребно кај старите оперативни процедури.

Операцијата на катаракта (перде) е еден од најбезбедните и најчесто изведување оперативни зафати во светот. Факоемулзификациската екстракција на леќата (eng. phacoemulsification-PHACO) со имплантација на интраокуларни леќи (IOL) во задната комора е златен стандард во операција на катаракта (перде). Се работи за ултразвучен оперативен зафат со „мал рез“. Благодарение на „малиот рез“ раната не е потребно да се шие. Операцијата се врши во локална анестезија (со капки), безболна е и трае помалку од 10 минути. Предноста на модерниот метод на операција на катаракта (перде) е помал рез, помал постоперативен астигматизам (цилиндер), помали компликации на окото и побрзо закрепнување на видот. Веќе по неколку дена пациентот може да се врати на работа и на својот нормален живот.