Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Решавање на старечката далековидост

Пресбиопија или старечка далекувидост е дел од природниот процес на стареење на окото. Почнува да се појавува во четириесеттите години со симптоми на отежнато фокусирање на сликата при работење на блиско растојание, заматеност на сликата, брзо заморување на очите, па дури и главоболка. Причинета е од намалена можност на мускулот во окото кој ја свиткува нашата природна леќа (леќата има облика на диск при гледање на далеку, а наликува на топка кога гледаме блиску). Исто така со годините настануваат и промени во структурата на леќата и таа ја губи еластичноста која ја имала во младоста.

Процесот на слабеење на акомодацијата (можност за изострување на сликата на близина) завршува отприлика во шеесеттата година и тогаш лицата кои добро гледаат на далеку, за читање имаат потреба од диоптер +3.00.

presbiopija

Постојат повеќе можности за корекција на старечка далекувидост. Една можност е носење на очила или контактни леќи. Денес се поголем број пациенти се одлучуваат за оперативна корекција на старечка далекувидост. Се работи за оперативна постапка при која природната леќа на окото се заменува со вештачка, мултифокална леќа која овозможува одличен вид на различни растојанија. Со решавање на потребата за носење очила, значително се подобрува квалиетот на живот на пациентот.