Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Мултифокални леќи

ИНТРАОКУЛАРНИ ЛЕЌИ

Интраокуларните леќи се медицински импланти кои се вметнуваат (имплантираат) во окото како замена за природната леќа при операција на катаракта (перде) со примена на ФАКО (PHACO) метода. Освен катаракта (перде), ФАКО (PHACO) методата денес се користи и во рефрактивна хирургија со цел корегирање на диоптрија. Природнаталеќата се факоемулзифицира, која не мора да биде заматена, и на нејзино место се вградува интраокуларна леќа со одредена диоптрија за да се постигне еметропизација, односно на пациентот повеќе да не му бидат потребни очила или леќи (анг. clear lens extraction).

Сите интраокуларни леќи имаат заштита од УВ зраци. Постојат и леќи кои со УВ зраците, го блокираат и синото светло кое се смета за фактор на ризик за развој или прогресија на старосна дегенерација на макула, а се нарекуваат „жолти леќи“ поради својата боја.

Постојат повеќе видови на интраокуларни леќи, кои може да се вградат во окото при операција на катаракта (перде) или операција за корекција на диоптрија. Изборот на интраокуларна леќа за секој пациент зависи од повеќе фактори, пред се од здравјето на окото и желбата на пациентот.

МОНОФОКАЛНИ ЛЕЌИ

Класичните интраокуларни леќи се монофокални леќи, кои, како што самото име кажува, имаат еден фокус и овозможуваат пациентот после операцијата да гледа добро далеку без очила, но мора да носи очила за блиску (или обратно, доколку тоа го сака пациентот). Доколку пациентот пред операцијата имал астигматизам (цилиндер) или тој е предизвикан од операција, по операцијата ќе мора да носи очила и за далеку и за блиску.

Стандардните монофокални леќи не го решаваат видот за блиску ниту пак астигматизмот.
Со напредокот на технологијата за операција на катаракта, се развиле и посовремени интраокуларни леќи.

МУЛТИФОКАЛНИ ЛЕЌИ

Мултифокалните леќи имаат повеќе фокуси и му овозможуваат на пациентот по операцијата добар вид на различни растојанија без носење на очила. Тие претставуваат најсовремени интраокуларни леќи.

Постојат бифокални леќи (со два фокуси) и трифокални леќи (со три фокуси).Поголемиот дел мултифокални леќи се бифокални леќи, кои овозможуваат добар вид за далеку и добар вид за блиску. Видот на средно растојание (80-100 см) е нешто полош во однос на видот за далеку и блиску. Трифокалните леќи овозможуваат добар вид за блиску, средина и далеку и се задржува природната чувствителност на контраст.

Мултифокалните (бифокални и трифокални) интраокуларни леќи може да бидат дизајнирани и како торични леќи, што значи дека освен диоптријатасе корегира и астигматизмот (цилиндер).

Освен кај пациентите со катаракта (перде), мултифокални леќи може да се вградат и кај пациенти, кои немаат катаракта (перде), но сакаат да се ослободат од очилата за гледање и блиску и далеку. Кандидати за тој зафат се лицата постари од 45 години кои освен што носат очила, немаат никакви други проблеми со видот и очите. По операцијата, пациентите, кај кои е вградена мултифокална леќа, можеда гледаат светлосни кругови околу изворот на светлост во темнина (ореол) или блескања при силно светло, кои се предизвикани од дизајнот на леќата, но тие пречки со тек на време и со прилагодувањето се намалуваат. Искуството на хирурзите, модерната технологија и прецизната пресметка на цврстината на интраокуларната леќата која се вградува при операција на катаракта (перде) или операција за корекција на диоптрија се најважни фактори за остварување на добар постоперативен резултат и задоволство на пациентот.

 

multifocal fokus