Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Интраокуларни леќи Symphony

Специјалната очна болница „Систина Офталмологија“ врши имплантација на интраокуларни леќи за време на операција на катаракта и операција на корекција на диоптер. Се работи за „Symfony“ интраокуларни леќи на компанијата Abott Medical Optics, прва леќа на светот која има т.н. проширен распон на видот. Специјалниот дизајн на леќата овоможува нов облик на прекршување на светлото кој го продолжува фокусот на окото што резултира во проширен распон на видот. Исто така, благодарение на акроматската технологија, Symfony леќата нуди подобра контрасна чувствителност во однос на досегашните леќи.

До сега на пазарот без на располагање монофокални и мултифокални интраокуларни леќи за пациенти на кои им е потребна операција за катаракта и за пациенти кои се одлучуваат за операција со цел решавање на диоптер. Монофокалните леќи даваат добар вид на далеку, додека мултифокалните леќи даваат добар вид и на далеку и на блиску по операцијата.

Главен недостаток на мултифокалните леќи е блескањето на светло кое се јавува по операцијата, иако тоа по неколку месеци значително се намалува и постепено се губи. Предност на Symfony леќата во однос на мултифокалните леќи е во тоа што овозможува континуиран распон на видот, вклучително на далечина, на средно и блиско растојание и значително помалку е изразено видното попречување, како што е блескање на светло по операцијата.

Се е поголем бројот на пациенти кои по операцијата на катаракта имаат високи очекувања, и сакаат да постигнат добар вид на сите растојанија и решавање на потребата за наочари. Symfony леќата е одличен избор за тие пациенти, бидејќи овозможува независност од наочари и висок квалитет на видот во сите услови на осветлување со минимално визуелно попречување.