Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Општи прашања

Колкава треба да е минималната видна острина на двете очи за стекнување услови за полагање на возачки испит?

Острина на видот на двете очи, некоригирана или коригирана (со или без очила или леќи) од 0,8 вкупно, под услов едното око да има вид најмалку од 0,5 и видното поле да е уредно. Ако лицето има само едно око, острината на видот на тоа око, некоригирана или коригирана мора да биде најмалку 0,8 со уредно видно поле.

Стрес и диоптрија

Во последните неколку месеци забележав дека послабо гледам, односно дека гледам некои бели дамки, имам постојани главоболки, вртоглавици, не можам да фокусирам предмети. Ме интересира дали астигматизмот влијае на видот и на некои чудни вртоглавици и дали е можно стресот да го зголеми диоптерот?

Вашите проблеми со фокусирањето, вртоглавиците и главоболките може да бидат последица на неадекватен диоптер или пореметување на фузијата (спојување на слики) како последица на латентна кривогледост, посебно во период кога многу учите.

Астигматизмот, кој како и диоптерот кој не е доволно коригиран или кој е премногу коригиран, може да создаде одредени проблеми (заматен вид, главоболки, вртоглавици).

Самиот стрес не може да го зголеми диоптерот, но може да ги намали општите компензациски можности на организмот, па така и можноста човекот со сопствена сила на работење на акомодацискиот очен мускул до некаде да го намали својот некоригиран или недоволно коригиран диоптер. (Затоа на пр. луѓето кога се уморни повеќе имаат потреба да носат очила).

Што е тоа цилиндар?

Цилиндарот е тип на стакло кое се користи за исправување на астигматизам. Бидејќи астигматизмот е диоптер само по една оска (било во плус или минус), тој диоптер треба да се коригира само по таа оска. Понатаму, стаклото кое го коригира диоптерот само по една оска се вика цилиндар. Тоа е всушност надолжен пресек на цилиндарот. Стаклата кои коригираат плус се конвексни леќи (пресек на топка), минус конкавни леќи (имаат вдлабнатина).

Како да се спречи пораст на диоптер?

Порастот на диоптерот е генетски условен и нема некој посебен начин како да го спречите порастот на диоптерот. Некои теории кажуваат дека долготрајната работа од близу (компјутер, учење) може да го забрзаат порастот на диоптерот кај лица кои имаат предиспозиција за некој диоптер.

Витамини за очи?

Витамини за очи препорачуваме да земаат луѓе кои имаат дегенеративни промени на очите (тоа се промени обично поврзани со стареење или некои очни болести како висока кратковидност, наследни болести на жолти пеги). Во тие случаи витамините се или потпорна терапија заедно со основната терапија или бидејќи нема основна терапија, сакаме да пробаме барем да го забавиме пропаѓањето на клетките. Витамините имаат заштитно дејство против штетните метаболички соединенија.

Во вашиот случај доколку освен диоптер немате никаква друга очна болест, а и инаку немате никаква друга хронична болест и нормално се храните, не би препорачале да земате витамини, бидејќи нема потреба.