Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Глауком - совети

Колку е нормален очен притисок?

Нормален очен притисок е од 9-21mmHg, а кај лицата со дијагноза глауком мора да биде под 18mmHg.

Дали треба да ставам капки цел живот?

Ако се постави дијагноза глауком, тогаш е потребна доживотна терапија. Освен во посебни случаи кога докторите ќе одредат дека не треба веќе да се ставаат.

Ако направам ласер, дали ќе престанам да ставам капки?

Според нашите протоколи, после ласер и понатаму се става терапија.

Ако направам операција, дали тоа значи дека сум го излечил глаукомот?

Со операција не се лекува глауком, туку се обидува да се стабилизира очниот притисок. По операцијата, исто така, се продолжува да се ставаат капки за антиглаукомска терапија заради одржување на стабилен очен притисок.

Ако некој во семејството имал глауком, дали може и јас да го имам?

Глаукомот може да биде наследен, затоа на оној пациент кој има позитивна фамилијарна анамнеза на глауком му се препорачува да направи целосна антиглаукомска обработка.

Дали зголемениот очен притисок боли?

Очниот притисок по правило не боли, освен кај силно зголемени вредности. Прагот на болка е индивидуален за секој пациент.

Дали зголемениот очен притисок е воедно и глауком?

Не. Глаукомот е синдром кој вклучува зголемен очен притисок, промени на видното поле и промени на видниот нерв. Кај посебни случаи очниот притисок може да биде уреден, но постојат промени на видното поле и на видниот нерв. Тогаш тоа се нарекува нормотензивен глауком.

Зошто настанува зголемен очен притисок?

Кај класичниот облик на глауком со отворен агол не се знае причината за појавување. Кај останатите облици може да биде затворен очениот агол (ангуларен глауком) или глаукомот може да настане како последица на дијабетес, оклузија на централната ретинална вена, внатрешно воспаление на окото, крварење во предната очна комора (секундарни облици на глауком).

Дали крвниот притисок и очниот притисок се поврзани?

Според научните истражувања нема директна поврзаност на очниот и крвниот притисок.

Дали стресот и очниот притисок се поврзани?

Се смета дека стресот индиректно може да влијае на зголемување на очниот притисок.

Зошто настанува повисокиот очен притисок?

Кај класичниот облик на глауком со отворен агол не се знае причината за појавување. Кај останатите облици може да биде затворен очниот агол (ангуларен глауком) или глаукомот може да настане како последица на дијабетес, оклузија на централната ретинална вена, внатрешно воспаление на окото, крварење во предната очна комора (секундарни облици на глауком).