Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Ласерско отстранување на диоптрија - совети

Кои методи се достапни?

Изборот на методи денес исклучиво зависи од карактеристиките на окото, висината на диоптрија, како и начинот на живот на пациентот. Препорачаните методи со обѕир на диоптријата се следните:
Диоптрија -10 до +5 - ЛАСИК
Диоптрија -8 до 0.75 ПРК, ЛАСЕК и епи-ЛАСИК
Диоптирја -10 и повеќе - КОРЕКЦИЈА НА ДИОПТРИЈА БЕЗ ЛАСЕР СО ВГРАДУВАЊЕ НА ЛЕЌА ВО ОЧИТЕ
Диоптрија +0.50 до +5 - ЛАСИК

Дали влијае бременоста на повратот на диоптрија?

Ласерската операција на очите и бременоста немаат никаква меѓусебна поврзаност, а операцијата се врши и кај девојки кои не раѓале. Многу е мала веројатноста дека под влијание на хормонските промени во бременоста да дојде до промена на диоптријата, а кај тој процес видот на корекциско помагало (очила, леќи) или ласерската операција немаат никакво влинаие. Кај жените кај кои во првата бременост не се изменила диоптријата мала е веројатноста да биде тоа случај во другата бременост. Самата ласерска операција нема никакво влијание ни на изборот на видот на раѓање.

Дали сум кандидат за операција?

За да утврдиме дали сте кандидат за операција потребно е да се направи ласерски преглед. Тоа е детален преглед со кои добиваме комплетен увид во состојбата на вашето око и кој трае еден час до час и пол.
Преку 90% од луѓето кои носат очила и леќи се погодни за ласерска корекција на видот. Со ЛАСИК методот може да се отстрани диоптирја од -10,00Д до +5,00Д и до ±6,00Дна астигматизам. Секој пациент кој е полнолетен и има диоптрија во овој распон може да биде погоден кандидат за ласерско отстранување на диоптрија, но потребен е детален офталмолошки предоперативен преглед за да се утврди дали за окото постојат некои контраиндикации за отстранување на диоптрија. Лицето кое има диоптрија поголема од овие вредности може да биде кандидат за некој друг метод на корекција на диоптрија, како вградување на интраокуларни леќи.

Диоптријата мора да биде стабилна најмалку година дена, а под стабилно се смета промена на диоптрија до 0,50Д.
Предоперативниот преглед со кој се утврдува дали пациентот е погоден кандидат за ласерско отстранување на диоптрија, а која не го обврзува пациентот да се подложи на истата операција, не боли и се состои од:

  • одредување на видна острина без очила
  • одредување на диоптрија на автоматски компјутерски рефрактометар и добиената диоптрија на рефрактометарот
  • мерење на очниот притисок на бесконтактен тонометар
  • преглед на предниот и задниот очен сегмент на биомикроскоп
  • компјутеризирана корнеална топографија (скенирање на површината на рожницата за да се види дали постои било каква абнормалност);
  • одредување на бројот на ендотелни станици на ендотелен микроскоп
  • одредување на аберација на окото на аберометар
  • автоматска компјутерска рефрактометрија во мидријазата (кај широки зеници)
  • завршен разговор

Доколку поради состојбата на окото истото е потребно, може да се изврши низ дополнителни снимања (преглед на жолти дамки, очен нерв со оптичка кохерентна томографија, видно поле, пресметка на интраокуларна леќа...).
Ниту едно истражување кое се врши во текот на предоперативниот преглед не е воопшто штетно за окото, и единствена непријатност се широките зеници поради кои пациентот може матно да гледа во период од 2 часа по прегледот додека зеницата повторно се врати во првобитната состојба.
За методот кој ќе биде применет за отстранување на диоптрија одлучуваат лекарот и пациентот.

Колку време се чека?

Прегледот може да се изврши во рок од една недела од вашиот повик. Нашата сестра ќе ви овозможи прв слободен термин во времето во кое вам ви одговара. Повеќе лекари работат со ласерски прегледи така да имаме можност максимално да ви излеземе во пресрет.
Што морам да направам претходно?
Пред прегледот треба да ги отстраните леќите, да дојдете со придружба бидејќи нема да можете да возите заради широките зеници, како и да донесете стари наоди доколку ги имате.

Колку долго морам да бидам без леќи?

Пред прегледот треба да бидете без меки контактни леќи најмалку 3 пати во денот, додека за полутврди и тврди контактни леќи тој период изнесува најмалку 8 дена. На овој начин површината на окото ќе се „одмори“ како и ќе се овозможи веродостојност на мерењата и резултатите.
Дали може да се изврши преглед и операција истиот ден?
Теоретски можно е да се изврши преглед и операција истиот ден, но секако не го препорачуваме тоа. Бидејќи на прегледот ги шириме зениците за да ги видиме вашите леќи и очната позадина, потребно е да се почека 2-4 часа за да се вратат зениците назад во првобитна состојба бидеќи така се бара од ласерот. Сето тоа долго трае и не е погодно за лицето кое ја исчекува операцијата. Сметаме дека физички и технички е поедноставно да се направи еден ден разлика помеѓу прегледите и самата операција.

Дали операцијата е болна и колку долго трае?

Пред самата операција со ласерско отстраување на диоптрија се капнуваат анестетски капки па со тоа операцијата е потполно безболна. Трае 5 минути по око. Ласерот ја бруси диоптријата во секунди (2 секунди се потребни за отстранување на 1 диоптрија) и во тој период потребно е што помирно да се гледа во светлото над себе. Хирургот постојано комуницира со вас, и ве води низ операцијата и вие во секој момент знаете што тој ви прави. Ласерот има т.н „eye-tracker“ кој ги следи движењата и на тој начин спречува можност од грешки. Пред операцијата се врши контролен преглед на диоптријата и уште еден краток разговор. По операцијата ќе добиете упатства од страна на нашите сестри, како и капки и отпусно писмо. Вашиот престој во клиниката тој ден трае околу еден час.

На кој начини можам да платам за операцијата?

Diners Club картица - 12 рати без камата

Visa или Maestro картица - од било која банка, ако е на рати како што е договорено помеѓу пациентот и банката

Полн износ на цената исто така може да се плати со сите други картици, готовински, преку жиро-сметка, или комбинирано на сите три начини

Преку Охридска Банка постои можност за плаќање на 48 рати без камата, преку подигање на потрошувачки кредит, односно MasterCard од Охридска Банка (доколку пациентот ги исполнува условите за подигање на кредит)

Болнички престој ако не сум од Скопје?

Очната болница Систина Офталмологија нуди сместување за своите пациенти, но пожелно би било однапред да се најавите за да ви осигураме ноќевање во една од нашите соби или апартмани. Во случај да се преполни сите капацитети, нашите сестри ќе ви понудат смештај во клиниката во близина, во некои од апартманите или хотелите со кои имаме договор за посебни попусти.

Постоперативен период по операција?

По операцијата треба да се воздржите од телесни активности месец дена постоперативно, додека со лесно трчање или телесни вежби можете да почнете веќе по десетина дена. Најпрво потребно е да се избегнуваат задимени и прашливи простории, а со гледањето телевизија, работење на компјутер и возење на автомобил може да започнете штом вас не ви смета постоперативната сувост на окото како и кога ќе се чувствувате сигурно. Значи, овие активности смеете да ги правите неколку дена по операцијата, но во зависност од вашето лично чувство. Жените обично не би требало да се шминкаат 3 недели по операцијата, а со плакнење може да се почне веќе по 3 дена. Во првите 3 постоперативни дена наместо плакнење окото да се испира со вештачки солзи за да се намали можноста од инфекција. Капење во море е дозволено  2 недели постоперативно, додека капењето во базен треба да се одложи 1 месец по операцијата, поради можност од инфекција на окото.

Контролни прегледи по операција?

Контролните прегледи се извршуваат ден после операцијата, во текот на една недела, по месец дена, па по 3 месеци и потоа еднаш годишно. Првите две контроли се најважни и пожелно да ги извршите кај нас. За другите контроли се договараме индивидуално. Сите контроли во текот на 3 мееци постоперативно не се наплаќаат.

Сигурност на операцијата?

Методот со ласерско отстранување на диоптирја во клиниката се употребува преку 20 години и милиони луѓе се оперирани во светот со оваа метода. Единствена компликација од овој зафат може да биде минлива постоперативна сувост на окото и поврат на дел од отстранета диоптрија. Обете овие компликации не може да доведат до губење на видот и не може да се предвидат бидејќи зависат од индивидуалниот потенцијал за заздравување на ткивото. Постоперативната сувост на окото се решава со вештачки солзи во вид на капки кои се ставаат додека солзниот филм не се опорави. Повратот на дел од диоптрија може да се реши или со дополнителен ласерски зафат или со носење на корекции. Потребно е да се напомене дека преку 95% од пациентите немаат никакви потешкотии по зафатот.