Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Катаракта - совети

katarakta sl22

Кои предоперативни испитувања е потребно да се направат пред операцијата на катаракта?

Пред операцијата на катаракта, потребно е да се извршат следните испитувања:

  • електрокардиограм (ЕКГ)
  • комплетна крвна слика (ККС)
  • седиментација од крв (СЕ)
  • како и гликоза во крв (ГВК)
  • останатите испитувања кои се однесуваат на окото кое се оперира се извршуваат во склоп на обработката непосредно пред операција.

Дали боли операцијата на катаракта?

Операцијата на катаракта е безболна постапка. Окото пред зафатот се анестезира со капки, потоа се применува локална анестезија, а во текот на операцијата може да се почувствува мала непријатност за што пациентот ќе биде известен. Пациентот е потполно буден, свесен и соработува за време на операцијата.

Колку време морам да бидам во болница заради операција на катаракта?

Кога пациентот е подготвен, се започнува со предоперативен преглед и ширење на зеницата пред операција. Тоа трае околу 30 минути. После тоа, се преминува на операција која трае 15-20 минути. После операцијата следи краток одмор.

Кога може да одам дома по операција на катаракта?

По операцијата на катаракта, која трае околу 15 до 20 минути, потребно е уште 20-30 минути да се остане кај нас за пациентот да се одмори од зафатот. Не е потребна хоспитализација како и останување во болницата, а по зафатот може да оди дома. Се препорачува пациентот да одмора дома и да постапува според упатствата кои ги добил од лекарот пред операцијата.

Кои се ограничувањата по операцијата на катаракта?

Пациентот ќе биде известен за сите ограничувања по постоперативната подготовка како и на контролата наутро по операцијата. Потребно е да се придржува кон упатствата за користње на задолжителна терапија. Оперираното око не смее да се мие и плакне најмалку 7 дена по операцијата бидејќи во водата од чешма понекогаш може да има и нечистотии и микроорганизми, а на окото раната е свежо оперирана и нежна. Доколку е потребно окото може нежно да се измие со вештачки солзи или физиолошки раствор. Окото да не се трие, ниту да се допира со раце. Првата недела до 10 дена да се заштити окото со темни очила при излегување надвор, да се избегнува ветер, прашина, пареа од готвење, пареа од средства за чистење. Се препорачува да не се подигнува товар, ниту долго да се стои во наведната положба, да се избегнуваат телесни вежби, базени, бањи, сауни и сл. во првиот месец по зафатот.

Кога смеам да гледам телевизија со оперираното око?

Гледањето телевизија, компјутер, возење и читање се дозволени кога вие се чувствувате сигурни и кога не ви смета на окото, не ве пече или чеша. Во тоа вие самите сте свое најдобро мерило.

Кога катарактата е доволно зрела за операција?

Пред да се оперира катарактата со класичен метод (секако тоа се прави и ден денес во некои болници) при кој катарактата се истиснува преку голем рез со помош на инструменти од окото во еден дел. Затоа пожелно е катарактата да биде што потврда и погуста. Тоа е голема траума за окото и операцијата завршува со поставување на голем шев на направениот рез. Современата технологија која ја применуваме во Очната болница Систина Офталмологија овозможува ставање на катаракта со ултразвучен метод, а тоа е минимално агресивно за окото и подразбира побрз опоравок на видот. На окото се прави рез помал од 3 мм (понекогаш и 2 мм), преку него се вметнува ултразвучна сонда која ја отапува катарактата, ја аспирира од окото и веднаш се вградува вештачка леќа во окото. Доколку катарактата е релативно мека, потребна е помала моќност на ултразвук, односно ако е релативно тврда треба да се применат повеќе ултразвуци што понекогаш значи и побавен опоравок на окото.

Дали е потребно да носам очила по операцијата на катаракта?

Посакуваниот резултат за видната острина по операцијата на катаракта е да пациентот гледа што подобро на далечина без очила.
Поради тоа се вршат прецизни пресметки на јачината на леќата која се вградува во окото. Ако окото и пред операцијата има астигматизам, најчесто и после операцијата е потребна корекција на астигматизмот со очила. Во случај на резидуална диоптрија потребни се очила и за далечина. За читање и работење од блиску потребни се очила кои обично се препишуваат 1 месец по операцијата. Доколку е вградена мутлифокална леќа, во 90% од случаевите не се потребни очила за читање ниту за далечина. Кај некои пациенти постои повремена потреба за очила за „средна далечина“ (компјутер).

Дали годините се ограничувачки фактор за операција на катаракта?

Годините апсолутно не се ограничувачки фактор за овој вид на операција. Во текот на годините може да се појават уште некои болести на окото, покрај катарактата, пред се болести како жолти дамки на очната позадина, очекуваниот резултат на видот по отстранување на катараката се поставува во согласност со состојбата на останатите делови од окото за што пациентот секогаш е известен.

Кај постарите пациенти обично се намалува квалитетот на ткивото на рожницата (предниот проѕирен дел од окото) која може да се замати во текот на операцијата. Поради тоа потребно е подолго време за опоравок на видот.

Колку долго трае леќата која ќе ми ја вградите во окото?

Интраокуларната леќа најчесто нуди доживотно решение. Направена е од материјали кои не предизвикуваат реакции на организми во смисла на отфрлање.

Кога треба да дојдам на контрола?

Прва и задолжителна контрола е утрото по операцијата. Тогаш се добива прв увид за состојбата на окото, проценка на текот на опоравокот и се регулира со терапија. Следната контрола е најчесто за 5-7 дена, а после тоа за 3-4 недели. Тогаш обично се престанува со терапијата и се препишуваат соодветни очила. Оперираното око после тоа може да се контролира за 3 па за 6 месеци, а после тоа по договор со вашиот офталмолог.

Дали е потребно на дете да му се направи операција на катаракта?

Штом се утврди дека детето има катаракта, треба да се отстрани што порано. Не смее да се чека доколку се работи за операција на катаракта кај деца бидејќи под катарактата видот не може да се развие. Со операција на катаракта се зголемува шансата за развој на што подобар вид. Речиси е неизбежно да заостане слабовидноста, но штом претходно ќе се направи операција поголема е шансата за подобар развој на видот. Како и кај возрасните лица, по отстранување на катарактата се вградува интраокуларна леќа која го оптимизира развојот на видот. Различни се ставовите за видот на леќите кои се вградуваат. Можно е да се вгради и стандардна акрилична како и мултифокална леќа. По вградување на леќите треба да се продолжи со лечење на слабовидноста. Имајќи предвид на возраста на детето, па така и на растот на окото, се очекува потреба од очила. Понекогаш во подоцнежните години потребна е и замена на интраокуларните леќи поради разликата во диоптријата која настанала поради растот.

Во очната болница Систина Офталмологија се извршуваат операции на катаракта и кај деца, за што операционата сала во потполност е опремена, а операцијата ја врши искусен операциски тим.

На кој начини можам да платам за операцијата?

Diners Club картица - 12 рати без камата

Visa или Maestro картица - од било која банка, ако е на рати како што е договорено помеѓу пациентот и банката

Полн износ на цената исто така може да се плати со сите други картици, готовински, преку жиро-сметка, или комбинирано на сите три начини

Преку Охридска Банка постои можност за плаќање на 48 рати без камата, преку подигање на потрошувачки кредит, односно MasterCard од Охридска Банка (доколку пациентот ги исполнува условите за подигање на кредит)